Министерството за образование денеска го објави конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021.
-Учениците што се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталот www.konkursi.mon.gov.mk. Рокот за електронското пријавување на учениците што се запишани во II, III, IV година почнува од 24.06.2020 година и трае до 01.07.2020 година. Рокот за електронското пријавување на учениците што се запишани во I година почнува од 02.07.2020 година и трае до 9.07.2020 година - се наведува во конкурсот.
Во конкурсот се додава дека вселувањето на примените ученици почнува од 31 август 2020 година.
Целиот конкурс можете да го видите
ТУКА.