X
 15.03.2015 Образование

Студентите од Квебек се подготвуваат за најголемиот протест во Канада

Три години после најголемиот студентски протест во историјата на Канада, студентите во Квебек се подготвуваат за уште еден протест.

 

2


24 студентски организации во Квебек, претставувајќи повеќе од 30.000 студенти, од шест универзитети и од кампусите „CÉGEP“, гласаа за штрајк, како дел од протестите против мерките за штедење на Либералната влада. Студентските организации, што претставуваат други 110.000 студенти планираат да го спроведат гласањето за штрајк. Првите протести ќе бидат одржани на 21 март и ќе траат до 1 мај, момент за кој организаторите се надеваат дека ќе достигнат „социјален штрајк“ кој ќе се приклучи и ќе да де поддршка од синдикатите, другите левичарски организации и пошироката јавност.

Додека студентите од Квебек знаат да бидат многу понапредни од англиските Канаѓани во целина, студентите од Ла бел исто така можат да излезат на улиците доколку се чувствуваат дека добиле лош одговор. Таканаречената „протест култура“ на француските кампуси се припишува на мобилизациските напори на радикалните студентски организации на Квебек. Додека реториката на овие групи има тенденција да се граничи со авто-пародија, истовременно таа може да биде многу ефикасна. Дури и кога штрајковите не се во полн замав, студентските активистички групи одржуваат агресивно присуство, како што беше нарушувањето на презентацијата на заменик министерот или протести кои резултираа со шест апсења.

 

1


Здружението наречено „The Association pour une solidarité syndicale étudiante“ кое имаше голема улога во организирањето на „Maple spring“ во 2012 година и претстојното „Printemps 2015“ движење, често пати се нарекуваат „милитанти“ во медиумите. Овој опис тие го поттикнале сами што е незамисливо за англиските канадски студенти кои се околу 80.000 членови. „Опишани сме како една од најпознатите радикални студентски групи и мислам дека тоа е една од нашите сили“, вели портпаролот на Здружениоет, Калим Годбаут.

Додека студентските сојузи во англиска Канада слично се занимаваат со социјална правда, нивните жалби раѓаат акција. Дури и во Монтреал, студентите од Универзитетите со англиско подрачје немаат слична свест за социјалните движења. Нитуедено друго студентско здружение од трите универзитети на англиски јазик во Квебек не се согласи да се приклучи на протестот.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование