X
 17.05.2018 Живот

15 работи што никому не му ги должите

Брзото темпо на модерниот живот понекогаш знае да биде исцрпувачко. Дополнително изненадува фактот што голем број луѓе сметаат дека нешто им должите. А кога ќе почнеме да се трудиме да ги задоволиме туѓите барања и очекувања, сфаќаме дека на некој начин се губиме себеси.

Наместо да се движите низ животот сметајќи дека на другите им должите за она што сте, размислете за овие работи:

1.Никому не му должите оправдување за вашите вредности.
2. Никому не му го должите одговорот „да“.
3. Никому не му ги должите вашите лични податоци.
4. Никому не му должите објаснувања за вашите уверувања.
5. Никому не му должите ваша помош на неговиот пат.
6. Никому не му должите извинување кога не жалите за постапките.
7. Никому не му должите пријателство.
8. Никому не му должите обврзување само затоа што истото се бара од вас.
9. Никому не му должите да ги слушате неговите бескрајни поплаки.
10. Никому не му должите објаснување за тоа кого сакате.
11. Никому не му должите лажни комплименти.
12. Никому не му должите материјал за озборувања.
13. Никому не му ја должите вистината ако не се засегнати од неа.
14. Никому не му го должите вашето време.
15. Никому не му должите ништо што е спротивно на вашите вредности.

„Ти си сам на себе доволен. Не мораш никому ништо да докажуваш.“  ~ Маја Анџелоу
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот