X
 01.02.2020 Забава

Песната од серијата „Пријатели“ приспособена во духот на поранешна Југославија

Замислете ја серијата „Пријатели“, но главните ликови да не се Рос, Рејчел, Моника, Џои и Фиби, туку шесте држави од поранешната СФРЈ.

Токму вакво кратко видео е објавено на „Јутјуб“, наречено „Југославс“, односно Југословени. На видеото се дружат Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Србија и Македонија, а почнува со прикажувањето на шесте земји на познатиот кауч пред фонтаната.

Накратко се прикажани комплицираните односи на шесте држави, но и работите со кои тие се гордеат.

Така, Србија е претставена како кошаркарски шампион, додека Хрватите се гордеат со фудбалот. Тука е и фактот дека Црна Гора и Јапонија долго време биле во војна, како и дека многу луѓе ги мешаат Словенија и Словачка поради сличните имиња и знаме.

Видеото привлече големо внимание, а многу коментари се за тоа каков однос „се сакаме-се мразиме“ често имаат народите што некогаш биле во една држава.

- „Југославија“ и „Пријатели“ се два збора што главно не одат заедно, но во овој случај некако се вклопија - се вели во еден од коментарите.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава