Божиќната рекламна сезона е пред нас. Соочени со глобалните проблеми со синџирот на снабдување и недостигот на гориво и возачи, некои трговци се одлучуваат да се откажат од својот празничен маркетинг.
Но, за други, раниот почеток секогаш бил дел од стратегијата за Божиќ, со надеж дека работите ќе се подобрат по минатогодишното заклучување и откажаните прослави.
Ова се некои од најновите божиќни реклами од големите брендови низ светот.
Бренд: „Ксфинити“ (Xfinity)
За својата празнична кампања во 2021 година, „Ксфинити“ ја истакнува важноста на издржливоста, заедништвото и традицијата во оригиналниот краток филм чија премиера беше на 25 ноември.
„Епл“ (Apple)
„Епл“ ги ангажира таткото и синот Иван и Џејсон Рајтман за да ја режираат празничната реклама. „Спасувањето на Сајмон“ ја раскажува приказната за една млада девојка која херојски се обидува да го задржи својот многу сакан снешко, наречен Сајмон, во текот на целата година.
„Бланка Флор/Аликорп“ (Blanca For/Alicorp)
Ништо не може да го уништи уживањето во Божиќ, ниту напорното пазарење, ниту лошиот сообраќај, ниту апсурдните подароци...
„Дојче телеком“ (Deutsche Telekom)
Рекламата ја истражува врската помеѓу младо момче и неговиот дедо кои не се виделе долго време, но се блиски благодарение на онлајн комуникацијата во текот на годината.
„Амазон прајм“ (Amazon Prime Video EU)
Интересна и необична реклама со хиената Хати и работникот во зоолошка градина Карл.
„Чејс фридом анлимитед“ (Chase Freedom Unlimited)
Кетрин О'Хара, која ја глуми мајката на Кевин Мекалистер од филмот од 90-тите „Сам дома“, сфаќа дека го загубила Кевин. Но, не е тој Кевин за кој мислите. Всушност, станува збор за актерот и комичар Кевин Харт.
Фото: Screenshot/YouTube