X
 01.02.2021 Живот

Запознајте го новиот крал - Симба е првото лавче добиено со вештачко оплодување

Зоолошката градина во Сингапур неодамна го прослави раѓањето на првото лавче добиено со вештачко оплодување.

За жал, малиот Симба никогаш нема да може да го запознае својот татко Муфаса затоа што лавот, поради старост, морало да биде успиен набрзо по вештачкото оплодување.

Симба е син единец на Муфаса. Поради големата агресивност, Муфаса никогаш не се парел и од зоолошката градина решиле да му го продолжат семејното стебло на еден невообичаен начин - со помош на современата медицина. Откако бил земен примерок од семенски материјал од Муфаса, тој морало да биде евтаназиран - лавот имал 20 години и ги надживеал сите браќа и сестри за 6 до 10 години.

Муфаса пател и од атрофија. Поради тоа, за експертите од зоолошката градина било примарно да извршат евтаназија.

- Семенскиот материјал е земен додека Муфаса беше под анестезија за да се осигураме дека тој ќе остави потомство - истакнуваат оттаму.

Се чини дека Симба личи на татко му - има само три месеци, а веќе е јак и енергичен.



Симба е роден уште во октомври, но од зоолошката градина почекале пред да ја објават веста. Неговата мајка, кралицата Кајла, имала воспаление на млечните жлезди, поради што Симба морал да пие млеко од шишенце, но останал во близок контакт со неа.

Од Центарот за грижа за здравјето на дивите животни при сингапурската зоолошка велат дека лавчето е здраво и љубопитно.

- Почнавме да му даваме мали количини месо додека сè уште цица, а поголемиот дел од денот го поминува забавувајќи се со играчките што треба да му помогнат во развојот - велат од центарот.

Од зоолошката градина истакнуваат дека гените на Муфаса, кои сега се пренесени на Симба, се од големо значење за генската разноликост и одржливост на африканските лавови во зоолошките градини.

Симба е еден од најмладите претставници на вид лавови што се на раб на исчезнување, покажуваат податоците од Меѓународната унија за зачувување на природата.

Извор и фотографии: BBC
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот