X
 26.08.2022 Технологија

Создаден уред што произведува струја од влажноста на воздухот

Група истражувачи од Националниот универзитет на Сингапур создале уред кој произведува електрична енергија од влажноста на воздухот.

Новиот уред содржи само морска сол, јаглеродно мастило и специјален гел што апсорбира вода. Уредот произведува електрична енергија кога јоните во морската сол се одвојуваат при апсорпцијата на водата, предизвикувајќи промени во површината и создавајќи електрично поле. Овие промени на површината овозможуваат чување на електрична енергија од страна на уредот.


Се очекува новата технологија да помогне во надминувањето на проблемите кои често се поврзуваат со ваквите машини, како заситеност со вода што доведува до проблеми во функционалноста.

За да ги одбегне ваквите проблеми, новиот уред има два различни дела кои постојано имаат различно ниво на вода за да овозможат непрекината работа од стотици часа. Во експериментите уредот работел 30 дена.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: NUS
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија