Кога заврши првата сезона на „Игра со лигни“ (англ. Squid game), многумина се прашуваа дали ќе има следна сезона. Оттогаш беше потврдено снимањето на втора сезона на серијата, но додека таа да стигне на екраните, може да гледате друга корејска серија која е слична на неа.
„Нетфликс“ штотуку почна да ја прикажува новата јужнокорејска хорор-драма наречена „Сите сме мртви“ (англ. All of us are dead). Според оцените, ова е наследникот на „Игра со лигни“.
Серијата има 12 епизоди кои следат приказна сместена во средно училиште. Еден ученик одеднаш добива чудни симптоми и почнува да се шири мистериозен вирус кој го зафаќа целиот град. Градот е затворен додека во него се шири вирусот кој ги претвора заразените во зомбиња.
Во училиштето, учениците се обидуваат да преживеат додека гледаат како нивни соученици се претвораат во зомбиња. Исто како и „Игра со лигни“, оваа серија е метафора за нешто што е скриено во нашето општество.
Извор:
The tab
Фото: YouTube (printscreen)