Еден од креаторите на серијата „Пријатели“ открива дека никогаш не било планирано Џои и Рејчел да завршат заедно - отсекогаш било планирано таа да заврши со Рос, со кого имаше турбулентен однос во текот на цела серија.
Тие двајца почнаа кратка романса во текот на десеттата и последна сезона. Романсата доби доста критики и од фановите и од критичарите.
Но, како што вели Дејвид Крејн, иако врската беше „контроверзна“, никогаш не беше планирано да биде долгорочна.
- Знам дека беше контроверзна романсата меѓу Џои и Рејчел. Но, мене ми се допадна. Ми се допадна затоа што беше погрешна - и знаевме кога се впуштивме во нешто вакво: ова е погрешно. Но тоа се случува во животот. Сепак, дури и кога сакаш некој, тоа не е личноста со која ќе бидеш - изјави Дејвид за „Радио тајмс“.
Фото: NBCUniversal
Дејвид додаде дека оваа кратка романса го однесе Џои на поемотивно место, овозможувајќи му на актерот Мет Ла Бланк да глуми нешто што дотогаш немал можност да го глуми.
- Џои и Рејчел знаеја дека нивната врска ќе има крај. Таа беше бремена од Рос. Секогаш знаевме дека ќе биде вака... дека врската е осудена на пропаст, но на интересен, емотивен и привлечен начин - рече Дејвид.
Дејвид откри и дека имале алтернативен крај за Фиби во кој таа завршува со
Дејвид, а не со Мајк, со кого се омажи во десеттата сезона.
- Постоеше можност за таков крај. Немавме дефинирано со кого ќе заврши - вели Дејвид.