X
 23.12.2018 Образование

6 начини како да потрошите помалку време на учење, а да добиете повисоки оценки

Многу луѓе веруваат дека доколку потрошат повеќе време на учење, ќе добијат подобри оценки. Меѓутоа, ова не е вистина. Времето поминато додека учите и добивањето добри оценки не се секогаш поврзани како што мислите.

Ви нудиме неколку совети како да ги подобрите оценките со поефикасна употреба на вашето време.

1. Учете по малку секој ден.

Подобро е да учите помал материјал отколку да учите многу еден ден пред испитот. Всушност, на мозокот му е потребно време да го процесира материјалот, па така доколку ги прегледувате вашите белешки по 20 минути дневно (7 дена х 20 минути дневно = 140 минути време за учење), ќе запомните повеќе информации отколку кога би учеле три часа вечерта пред испитот (180 минути).

2. Учете го оној материјал што е најтежок.

Не сите задачи се еднакви. Со тоа што ќе знаете кои се најважните, сами ќе си помогнете правилно да го испланирате вашето време.

Доколку не знаете точно што од материјалот е најважно, најдобро би било да го прашате вашиот професор што е најважно или пак да го прашате како ја одредува оценката.

Бидете стратешки настроени и добро размислете како ќе го поминете вашето време. Важно е најпрво да ги извршите најважните проекти.  

3. Организирајте го времето за еден предмет.


Организирајте го времето и направете си распоред за тоа колку време ќе учите еден предмет. За оние полесните одредете помалку време, додека пак за оние потешките добро би било да издвоите повеќе време и да вложите повеќе труд.

4. Пронајдете добро место за учење.

Навистина е важно каде учите. Излезете од собата каде што постојано седите. Одете во библиотека или пронајдете тивко место и локација каде што ќе можете да се фокусирате. Секоја дистракција ќе ви биде попривлечна и повозбудлива отколку учењето. Затоа, пронајдете мирно место каде што никој нема да ви пречи.

5. Исклучете ги сите уреди и социјални медиуми.

Постојат истражувања кои покажуваат дека Твитер, Фејсбук и пишувањето пораки додека учите сериозно влијаат врз учењето и, секако, се постигнуваат многу полоши резултати.

Затоа, кога ќе правите пауза од учењето, можете да го приклучите телефонот или лаптопот и за тоа време да ги проверите социјалните мрежи. Потоа, кога ќе заврши вашата пауза, исклучете ги уредите и вратете се на учење.

6. Најпрво научете ги вашите белешки од предавањата.

Лекцијата на професорот е онаа што е најважна. Со предавањата и фаќањето белешки професорите ве тестираат колку сте успеале да сфатите дека е важно од лекцијата.

Токму во вашите белешки се наоѓаат прашањата од тестот. Ова не значи дека не треба да ја купувате книгата. Купете ја, прочитајте ја, меѓутоа, насочете се на оние работи што ги пишува во вашите белешки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование