X
 01.03.2021 Живот

Венеција каква што не сте ја виделе - пресушија каналите

Познатите канали во Венеција, Италија, пресушија откако нивото на водата достигна неверојатно ниско ниво од минус 48 сантиметри. Поради ова, деновиве градот изгледа сосема поинаку отколку што сме навикнати да го гледаме на фотографии или во живо.

Нивото на водата на каналите во Венеција обично се движи околу 50 сантиметри, а тоа предизвикува проблеми со поплавување. Поплавите во Венеција се предизвикани од повеќе фактори кои се нагласени поради климатските промени, како сè повисокото морско ниво.


Извор: rte.ie
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот