Полската општина Румија планира да изгради огромен систем на подземни резервоари за вода за да се спречат суши и да се заштедат пари за наводнување.
Водата која ќе се чува во резервоарите ќе се филтрира и ќе се користи за наводнување на вегетацијата. Општината веќе обезбедила финансиски средства за иновативниот систем.
Главната функција на системот ќе биде да се чува вода со висок квалитет за периоди кога ќе биде потребна. Подземните резервоари ќе може да чуваат околу 7.500 кубни метри вода.
Властите сметаат дека инвестицијата ќе придонесе и кон заштитата од поплави бидејќи резервоарите ќе го спречуваат поминувањето на вишокот вода кон приватните домови. Вредноста на целиот проект се проценува на 1,3 милион евра.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay