Жителите на Венеција протестираа со колички за шопинг против трупата на туристи кои го посетуваат градот секоја година. Заситени од борбата со народ и посетители додека секојдневно ги извршуваат своите обврски, како и поради големите трошоци за изнајмување и загубата на локалните бизниси, жителите организираа собир против ефектите од масовниот туризам.
До 60.000 луѓе ја посетуваат Венеција на дневна основа, од кои многумина остануваат надвор од градот. Локалните жители тврдат дека кратките посети на градот придонесуваат бизнисите да немаат корист од туризмот. Тие сакаат да ги привлечат туристите кои остануваат по 4-5 дена за рестораните и хотелите да можат да имаат финансиска корист од посетите. Жителите исто така се жалеле дека ефектот на постојана толпа од луѓе влијае на губење време да стигнат до нивните домови, особено кога одат да пазарат со шопинг количките.
Околу 500 демонстранти излегоа со плакати и транспаренти на централниот плоштад организирани од страна на движењето под име “Generation 90“. Но освен гневот поради преполните улици, жителите се загрижени за штетата што туризмот ја има врз економијата. Тие тврдат дека локалните бизниси се оставени настрана од градот, а повеќето продавници за сувенири и големите кирии за изнајмување им отежнуваат во наоѓање на место за живеење.
Се проценува дека 55.000 луѓе живеат во Венеција, што е помалку од бројот на туристи што на дневна база го посетуваат градот за време на летните месеци. На својата “Facebook“ страна “
Generation 90“ ги повика локалните жители да дејствуваат сега или да чекаат нивниот роден град да стане неповратно оштетен од туризмот.
Во отвореното писмо се вели: “Ние може да сме последната генерација што живее во Венеција како вистински град, каде да се најде куќа или работа, или извршувањето на секојдневните задачи на улиците беа нормална работа. Ајде да бидеме јасни, ние не сме носталгични, туку навистина сме надвор од наша контрола.
Но исто така сме и реални и одлучни да дадеме сѐ
за нашиот град да не се распадне трајно. Младите луѓе кои сакаат да останат и да дојдат во Венеција и на островите мора да бидат способни да ја испланираат својата иднина.
Тие мора да бидат способни да најдат разумни цени за изнајмување, работа која ќе им помогне да се справат со исплатата на хипотека без нервоза на крајот на месецот, и да имаат пристап до услугите што секој нормален град ги нуди на своите жители. Ако не дејствуваме сега, падот ќе биде немилосрден, што ќе резултира со сигурна смрт. Ние не сакаме град со туристи, што се празни секоја вечер. Ние сакаме град што ќе диши“.