X
 25.09.2019 Живот

Без вода два милиона жители на главниот град на Зимбабве

Два милиона жители на Хараре, главниот град на Зимбабве и околината, останаа без вода по одлуката на владата да се затвори главната постројка за пречистување на водата, што предизвика негодување кај населението поради страв од болести.

Властите на Зимбабве се борат да соберат околу 2,7 милиона долари месечно за увоз на хемикалии за пречистување на водата, која поради сушата ја има сè помалку и во загадени резервоари од кои ја користат некои жители.

Поради големата економска криза, жителите последните месеци имаат недостиг на лекови, леб и бензин.

Градските власти предупредија дека во Хараре не е сигурна ниту пакуваната вода, а се стравува од појава на нови болести по епидемијата од колера, од која лани починаа 26 лица.

Во Хараре има и тифус поради недостиг на вода и несредена канализација, а дел од жителите се принудени да земаат вода од плитките и санитарно сомнителни бунари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот