X
 01.03.2023 Живот

Во кои земји луѓето возат најстари автомобили?

Доволно е да погледнете и да сфатите дека многу автомобили на улиците прославиле полнолетство. Ова особено важи за земји како Македонија и Србија, каде што сè уште може да се видат автомобили „фичо“, „југо“ и слично.

Деталните податоци по земја беа презентирани од Европската асоцијација на производители на автомобили.

Кога станува збор за Европската Унија, автомобилите во просек се стари 11,8 години. Најстари автомобили има во Литванија и во Романија, со просек од 17 години, а најнови автомобили возат во Луксембург, чија просечна старост е 6,7 години.

А што со земјите кои имаат висок животен стандард. Податоците ќе ве изненадат.

Ова е просечната возраст на автомобили во европските земји:

Австрија: 8,5
Ирска: 8,6
Данска: 8,9
Швајцарија: 9,0
Белгија: 9,2
Велика Британија: 9,4
Германија: 9,8
Шведска: 10,2
Франција: 10,3
Норвешка: 10,7
Холандија: 11,2
Италија: 11,8
Словенија: 12,0
Финска: 12,5
Шпанија: 13,1
Португалија: 13,2
Унгарија: 14,2
Латвија: 14,3
Полска: 14,3
Словачка: 14,3
Хрватска: 14,8
Чешка: 15,3
Грција: 16,6
Естонија: 16,7
Романија: 16,9
Литванија: 17,00

Интересно е да се нагласи дека просечната старост на возилата во Европа постојано се зголемува, дури и пред коронавирусот, па причините за „стареењето“ на возниот парк во Европа се покомплицирани отколку што обично се мисли.

Во нашата земја, во 2021 година требаше да се забрани увозот на половни возила со под ЕВРО 5 стандард на емисија на издувни гасови. Но, мерката и понатаму не е реализирана.

Што се постигнува со подмладувањето на возниот парк?

Утврдено е дека староста на автомобилот не влијае значително врз безбедноста бидејќи главни „виновници“ за повеќето сообраќајни незгоди се ароганцијата и непочитувањето на прописите, додека техничката неисправност на возилото е исклучително мал фактор кога се во прашање причините за сообраќајни несреќи.

Сепак, не може да се исклучи фактот дека новите возила имаат многубројни безбедносни системи и дека се секако побезбедни од старите возила. Освен тоа, ако навистина сакаме да го намалиме загадувањето, ќе треба да се подмлади возниот парк на една земја.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот