Иако се очекува светската популација да продолжи да расте во наредните децении, многу земји се соочуваат со ниски стапки на наталитет и со имиграција, што доведува до стареење и пад на населението.
За да ги разбереме демографските предизвици со кои се соочуваат различни делови на светот, „Бизнис инсајдер“, користејќи ги податоците од Обединетите нации, направи листа со земји кои имаат најголема веројатност да се соочат со најбрз пад на популацијата во следните неколку децении.
Користејќи ги среднорочните процени на ОН за плодноста, смртноста и меѓународната миграција, „Бизнис инсајдер“ успеа да ја состави листата со 20 земји што ќе имаат најголем пад на популацијата од 2020 до 2050 година.
Меѓу државите со најбрз пад на населението се наоѓа и нашата земја.
Фото: Getty Images
20. Италија
Бројот на жители на Италија, според проекциите, во наредните 30 години ќе падне од 60,5 милиони на 54,4 милиони, односно за 10,1 отсто.
19. Куба
Бројот на жители на Куба во следните 30 години ќе падне од 11,3 милиони на 10,2 милиони жители, што е пад од 10,3 отсто.
18. Северна Македонија
Бројот на жители на Северна Македонија ќе падне од 2,1 милиона на 1,9 милион, што е пад од 10,9 отсто.
17. Португалија
Бројот на жители на Португалија ќе падне од 10,2 милиони на 9,1 милиони, што е пад од 10,9 отсто.
16. Грузија
Бројот на жители на Грузија ќе падне од 4 милиони на 3,5 милиони, што е пад од 11,8 отсто.
15. Полска
Бројот на жители на Полска ќе падне од 37,8 милиони на 33,3 милиони, што е пад од 12 отсто.
14. Унгарија
Бројот на жители на Унгарија ќе падне од 9,7 милиони на 8,5 милиони, што е пад од 12,3 отсто.
13. Естонија
Бројот на жители на Естонија ќе падне од 1,3 милион на 1,2 милион, што е пад од 12,7 отсто.
12. Грција
Бројот на жители на Грција ќе падне од 10,4 милиони на 9 милиони, што е пад од 13,4 отсто.
11. Романија
Бројот на жители на Романија ќе падне од 19,2 милиони на 16,3 милиони, што е пад од 15,5 отсто.
10. Албанија
Бројот на жители на Албанија ќе падне од 2,9 милиона на 2,4 милиона, што е пад од 15,8 отсто.
9. Јапонија
Бројот на жители на Јапонија ќе падне од 126,5 милиони на 105,8 милиони, што е пад од 16,3 отсто.
8. Молдавија
Бројот на жители на Молдавија ќе падне од 4 милиони на 3,4 милиони, што е пад од 18 отсто.
7. Хрватска
Бројот на жители на Хрватска ќе падне од 4,1 милиони на 3,4 милиони, што е пад од 18 отсто.
6. Босна и Херцеговина
Бројот на жители на Босна и Херцеговина ќе падне од 3,3 милиони на 2,7 милиона, што е пад од 18,2 отсто.
5. Србија
Бројот на жители на Србија ќе падне од 8,7 милиони на 7,1 милиони, што е пад од 18,9 отсто.
4. Украина
Бројот на жители на Украина ќе падне од 43,7 милиони на 35,2 милиони, што е пад од 19,5 отсто.
3. Летонија
Бројот на жители на Летонија ќе падне од 2,7 милиона на 2,1 милиона, што е пад од 22,1 отсто.
2. Литванија
Бројот на жители на Литванија ќе падне од 2,7 милиона на 2,1 милиона, што е пад од 22,1 отсто.
1. Бугарија
Бројот на
жители на Бугарија ќе падне од 6,9 милиони на 5,4 милиони, што е пад од 22,5 отсто.