Културните разлики се она што нè прави уникатни и придонесуваат за возбуда при патувањето, кога ќе откриете некои особености на дестинацијата што не се вообичаени во вашата родна земја. Јадењето скапана риба можеби ви звучи одвратно, но во Шведска е сосема нормално. Да се има два пасоша од иста земја е вообичаено во Русија, но можеби не постои таму каде што живеете. И практиката на јадење пржени чоколатца „марс“ можеби не е најпопуларно во Северна Америка, но е прилично често во Шкотска, или ако полицијата вози „ламборгини“.
Ова се неколку интересни и бизарни работи што се вообичаени во одредени земји.
1. Јавниот превоз во Луксембург е бесплатен - во 2020 година, јавниот превоз стана бесплатен за сите локални жители и посетители.
2. Знамето на Непал не е правоаголно - единствена модерна земја во светот што нема знаме во правоаголна форма, а се смета дека потекнува од хиндуизмот.
3. Во италијанската полициска флота има „ламборгини“ - пред неколку години во возниот парк на полициските возила во Италија било додадено и „ламборгини“, кое е прилично брзо возило и доста впечатливо.
4. Во скандинавските земји родителите ги оставаат децата да спијат надвор на ниска температура - повеќето родители го прават ова затоа што сметаат дека е поздраво да ги изложуваат своите деца на што посвеж воздух.
5. Во Франција млекото не се става во фрижидер - поголемиот дел од млекото
што се продава во Франција е пастеризирано на ултрависока температура и
затоа не мора да се чува на студено.
6. Во Јапонија се користат кади направени од дрво - таканаречените „офуро“ бањи се за седење и натопување во топла вода, а не се среќаваат често низ светот.
7. Колумбијците пијат топло чоколадно сирење - слаткиот пијалак какао се консумира со солени парчиња сирење. Ако сте го пробале, знаете дека е прилично вкусно и невообичаено за други места во светот.
8. Тауматавхакатангихангакоауауотаматетурипукакапикимаунгахоронукупокаивхенуакитанатаху - се смета дека ова место во Нов Зеланд го има најдолгото име, со 85 букви.
9. Во Јапонија зеленото светло на семафорот всушност е сино - бидејќи не
постоел збор за зелена, зборот „сина“ се користел и за сина и за зелена,
а Јапонија ја користи најсината зелена нијанса што е законски можно.
10. Во некои земји од Источна Азија луѓето носеа маски за лице и пред пандемијата - во земји како Јужна Кореја, заради безбедноста на другите, луѓето носеа маски за лице кога имаа настинка и пред пандемијата.
11. Во Еквадор мелодијата на камионите за ѓубре е слична како онаа што ја имаат камионите за сладолед во САД.
12. Во Холандија скалите обично се стрмни и тесни.
13. Можете да испешачите од север до југ во Монако за околу еден час - поради големината на оваа земја, лесно можете да испешачите по целата должина на земјата.
14. Во Италија рестораните вклучуваат надоместок за услуги - од вас не се очекува да дадете бакшиш во Италија бидејќи е нормално наплатата на услугата да биде додадена во сметката.
15. Во Италија капучиното е пијалак за појадок - Италијанците го поврзуваат млекото со утрата; капучиното традиционално се пие како утрински пијалак.
16. Луѓето во Холандија не користат завеси - се чини дека Холанѓаните
немаат ништо против луѓето да им гледаат во нивните домови. Ова може да
потекнува од протестантските религиозни традиции и од тоа дека немаат
што да кријат.
17. Во Тајланд секој април се одржува национална водена борба - ако сакате ваков вид борба, тогаш треба да учествувате во Сонгкран, тајландски новогодишен празник. Водената борба е дел од ритуалното чистење за време на периодот на славење.
18. Во Костарика улиците немаат име - иако некои улици можеби имаат имиња, тие немаат знаци, па затоа адресите во Костарика се опишуваат со помош на локалните обележја.
19. Во некои делови на автопатите во Германија ограничувањето на брзината е само препорака - ако сакаат, возачите можат да возат многу брзо.
20. Во Словачка, во кадите се чува жив крап пред да се приготви како божиќна вечера - крапот се остава да плива во кадата неколку дена за да се исчисти, бидејќи обично крапот живее на дното на езерото.
21. Пржено чоколатце „марс“ се јаде во Шкотска - чоколатцата приготвени на
ваков начин се чести во продавниците за пржена риба и помфрит.
22. Русите имаат два пасоши - граѓаните во Русија имаат два пасоши: еден национален пасош што повеќе им служи како лична карта и пасош за патување во странство.
23. Во Турција постои десерт кој содржи пилешки гради - исечкани пилешки гради во млечен десерт звучи прилично чудно, нели? Но, Tavuk göğsü“ е благо што содржи токму пилешки гради.
24. Во Шведска луѓето јадат скапана риба - солената и ферментирана балтичка морска харинга е дел од шведската кујна од 16 век и е позната по својот исклучително посебен вкус.
25. Швеѓаните си ги ладат пијалаците надвор - една од подобрите работи поврзани со студената зима во Шведска е тоа што жителите можат да ги оладат пијалаците во снегот.
Извор:
Bored Panda
Фото: