X
 01.04.2017 Забава

Денот на шегата - Работи кои малкумина ги знаат

Бидете внимателни ако сакате некому да направите некаква шега на 1 април бидејќи постои нешто што не го знаете за овој меѓународен ден на шегата.


Фото: Pixabay

Од каде доаѓа?

Потеклото на овој ден сè уште се наоѓа под знак прашалник и е тема на дискусија.

Некои луѓе веруваат дека оригиналниот Ден на шегата бил моментот кога луѓето не успеале да обрнат внимание кога поголемиот дел од Европа го прифатил Гергоријанскиот календар кој се користи и денес, направен од папата Грегориј во 1582 година.

Новиот календар го помести почетокот на годината од април на јануари, а оние кои продолжиле да ја слават новата година според стариот датум, на 1 април, биле сметани за априлски будали.

Други тврдат дека Кралот Џорџ III се шегувал дека ќе го напушти престолот на 1 април 1789 година. Кога селаните започнале да слават поради нивната слобода, тие биле уапсени и испратени во затвор.

Друго можно потекло е римскиот Хилариа Фестивал кој се одржувал за време на пролетната рамноденица. За време на фестивалот луѓето носеле маски и учествувале во игри и шеги.

Според некои верски обичаи, Ное испратил гулаб на 1 април за да види дали надојдената вода се повлекла.

Уште еден ден на шегата

Не е шега, меѓутоа постои уште еден ваков ден. Во Шпанија и поголемиот дел од Латинска Америка, 28 декември е денот кога се шегувате со вашите пријатели, семејството, па дури и непријателите. Во провинцијата Аликанте во Шпанија започнува таканаречената „Војна со брашно“ со цел да се одбележи овој ден.

За време на „војната“, граѓаните се поделени на две групи: „Енфаринат“ групата симулира државен удар, а втората група се обидува да го смири бунтот. Двата тима играат со брашно, вода, јајца и обоени димни бомби. 200 годишната традиција е позната како „Елс Енфаринатс“, со што се одбележува библискиот Масакр на невините од страна на царот Ирод, кој наредил да се убијат сите млади мажи со цел да го задржи престолот.

Меѓутоа, голем дел од историчарите оспоруваат дека настанот воопшто се случил.

Несогласувања има и во врска со тоа кога шегите треба да се направат. Некои веруваат дека тие треба да се направат напладне, додека други веруваат дека треба да се направат после пладне, додека трети велат дека можат да се прават сè до полноќ

Денот на шегата во популарната култура

Денот на шегата стана вграден дел од популарната култура, па го прифатија компании како „Google“, „Burger King“, „YouTube“...



Од другата страна

Англичаните се сметаат за „виновни“ поради тоа што Денот на шегата успеа да влезе во културата и да стане толку популарен настан. Според многу експерти, Англичаните започнале да прават шеги на овој ден уште од далечната 1700 година, а голем дел од нив сметале дека шегите можат да се прават само до пладне. Симбол на денот станал џокерот.

Многу луѓе пак, се суеверни и го сметаат овој ден како таков.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава