Што гледате: зајак или пајка?
Повеќе од 100 години откако за прв пат бил нацртан, овој цртеж предизвика огромна реакција после неговото споделување на социјалните медиуми.
Некои гледаат
зајак додека други гледаат пајка - но што ако можете да ги видите и двете?
Што гледате и колку брзо го гледате, може да покаже колку брзо функционира вашиот мозок и колку сте креативни.
Овој цртеж за прв пат бил искористен од американскиот психолог Џозеф Џастроу во 1899 година зада покаже дека перцепцијата не е само она што човек го гледа туку и ментална активност.
Истражувањето на Џастроу било основано врз тоа колку брзо можете да го забележите второто животно и колку брзо учесниците би можеле да ја променат нивната перцепција на цртежот за да се префрлат од едно на друго животно.
Колку побрзо ќе го направите ова, толку побрзо работи вашиот мозок и покреативни сте, вели истражувањето.
Во различни делови од годината се чинело дека резултатот од тестот се менувал.
За Велигден, луѓето повеќе гледале зајак, меѓутоа во октомври луѓето почесто гледале пајка.