X
 01.04.2020 Култура

Лондонскиот театар „Глоуб“ ќе прикажува бесплатни претстави од Шекспир онлајн

Познатиот лондонски театар „Глоуб“ има своја онлајн-платформа за следење на претставите преку интернет, но цените за тоа беа високи. Но од наредниот понеделник (6 април) ова ќе се смени.

Театарот ќе почне да објавува претстави што ќе може да се следат бесплатно. Оваа понуда ќе почне со „Хамлет“ на Вилијам Шекспир, која била играна во 2018 година.


Фото: Pixabay

Предвидено е и прикажување на претставата „Хенри Шести - трет дел“ од Народниот театар во Битола.
Ќе биде прикажана и серија наречена „Шекспир и љубовта во изолација“, во која уметниците ќе дискутираат за делата на Шекспир што биле напишани за време на изолација.

Целата листа може да ја пронајдете тука

Автор: Андрзеј Луковски
Извор: timeout.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура