Лондон е најдобриот град на светот, оставајќи ги зад себе Париз и Њу Јорк.
Според новото
истражување, Лондон го има првото место, а одлуката е донесена по проценување на низа фактори како развиената култура, забава, инфраструктура, здравје, задоволство кај граѓаните и слично. Резултатите биле утврдени по испитувањето на 5.200 образовани возрасни лица, од 16 земји од светот.
Анкетата била спроведена во декември 2015-та, пред шокантната објава за Брегзит, од страна на компанијата
PwC. Особено била прашувана елитата над 18 годишна возраст, а од компанијата испитаниците ги опишуваат како „сериозни бизнисмени, високо образовани лица кои се во тек со светските трендови“.
Лондон во извештајот е наведен како динамичен град, со развиена инфраструктура, добар правен и здравствен систем.
Париз е веднаш до
Лондон, во однос на културолошкото влијание, а е во топ три светски градови што се однесува до забавата и традиционалната кујна. Њу Јорк пак, се наоѓа на третото место и се смета за лидер во економското влијание и способноста за обезбедување лесен пристап до капитал. Други позитивни одлики на Њу Јорк се и забавата, развиената технолошка инфраструктура, но како слабост се наведува скапиот начин на живот и густ сообраќај.
Учесниците во студијата исто така биле анкетирани и за нивните перцепции во однос на квантитативните фактори. Односно, дали популарните светски градови навистина имаат таков начин на живот како што се претставува според нивната стекната репутација. И на ова поле, Лондон е на првото место, но Париз и Њу Јорк се наоѓаат дури под Сингапур и Торонто.
Лагос во Нигерија е на дното на двете листи, заедно со Џакарта, Мумбаи и Богота.