X
 18.10.2017 Живот

Пронајден одамна изгубен театар во Ерусалим

Археолозите почнаа да копаат во Ерусалим уште пред 150 години и оттогаш бараат одредени изгубени објекти што се споменуваат во историските извори. Најистакнати меѓу таквите објекти се структури на театри, кои се опишани во документи од периодот меѓу 530 година пр.н.е. и 70 година н.е., како и периодот кога градот бил главен на римската колонија Аелија Капитолина. Теории за локациите имало, но не и археолошки докази.

фото извор: Reuters

Изненадување е што археолози кои ги истражувале единствените видливи остатоци од споменатиот период наишле на нешто што наликува на одамна изгубен римски театар. Се работи за кружна структура која содржи околу 200 седишта, под познатиот Западен ѕид. Се верува дека е театар кој се користел за музика и ораторство или, пак, за состаноци на лидерите во Аелија Капитолина.

Археолозите велат дека најверојатно се работи за најважното археолошко откритие во земјата, односно првата јавна структура од римскиот период во Ерусалим.

Сепак, постои една мистерија. Има доказ во форма на недовршени скалила што никогаш не биле користени. Се претпоставува дека некои настани, можеби изрази на револт и бунт во тој период, ја спречиле целосната конструкција на објектот.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот