X
 18.09.2017 Технологија

Откриен опасен вирус во повеќе апликации - проверете си го мобилниот

Заразените апликации се преземени од околу 6 милиони корисници пред „Гугл“ да ги отстрани од „Гугл Плеј стор“. Сите апликации биле бесплатни.


Компанијата „Чек поинт“ препознала нова варијанта на малвери за Андроид која испраќа лажни СМС-пораки и наплаќа лажни услуги без знаење на корисникот. Името на новиот вид вирус е „ЕкспенсивВол“ – изведено од името на тројанската апликација „Лавли Волпејпер“.

Ова семејство на вируси досега е преземено 21 милион пати. Опцијата што семејството на вируси го прави поопасно од другите семејства е тоа што е спакувано со камуфлажна техника, поради што елегантно ги заобиколува заштитните филтри на „Гугл Плеј“.

За заканата компанијата го известила „Гугл“ на 7 август. По неколку дена откако од „Гугл“ го послушале предупредувањето и ги избришале апликациите, се појавила друга верзија на вируси која успеала да зарази уште 5.000 уреди.

Треба да се нагласи дека бришењето апликации од мобилниот телефон не го брише вирусот што пристигнал со нив. Корисниците што ги симнале заразените апликации и понатаму се загрозени и треба самите да ги отстранат од своите уреди.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија