X
 10.09.2022 Здравје

Ефикасен метод за спречување на паничните напади

Освен што брзото чукање на срцето, пецкањето во двете раце и чувството дека не можете да дојдете до здив се јасни показатели дека треба да се консултирате со лекар или психотерапевт, подолу ви претставуваме како побрзо да откриете паничен напад.

Експлозијата на страв е многу непријатна епизода, а луѓето што доживуваат таков паничен напад имаат впечаток дека ќе умрат или ќе го изгубат разумот. Иако трае од пет до дваесет минути, паничниот напад предизвикува голем број физиолошки процеси. Овие симптоми не се опасни за живот, но личноста што ги доживува мисли дека е во смртна опасност.

Причини за паничниот напад

Постојат два основни типа паничен напад: ситуационен и неочекуван. Човек кој се плаши од затворени простори, ако се најде заглавен во лифт, може да доживее паничен напад. Избегнувањето на лифтот и други ситуации и сценарија што можат да предизвикаат паничен напад се превентивни мерки што овие лица може да ги преземат за да не се соочат со паничен напад.

Неочекуван напад на паника обично се случува поради некоја погрешно протолкувана телесна сензација. На пример, ако некој е многу загрижен за некоја болест и мисли дека гледа крв во столицата, ќе доживее експлозија на страв што ќе му оневозможи да се сети дека јадел цвекло претходниот ден. Интересно е и тоа што стравот од паничен напад може да предизвика паничен напад.

Симптоми


Симптомите на паничен напад се многубројни: чувство на топлина и студ, несвестица, трнење во рацете и во нозете, губење на здивот, болка во градите, гадење, болки во стомакот, вртоглавица, визуелни нарушувања, зголемен крвен притисок, срцева аритмија, несигурност, губење рамнотежа итн. Симптомите на паничен напад можат да бидат слични на разни здравствени проблеми, како што е срцев удар, па затоа се препорачува лекарски преглед. Доколку лекарските наоди се во ред, не сомневајте се во нив бидејќи најверојатно се работи за паничен напад.

Што да направите кога ќе имате паничен напад?

Најважно е прво да земете длабок здив низ носот, а потоа да го задржите здивот броејќи до пет, па потоа да издишете низ нос. Оваа вежба можете да ја повторувате додека не се смирите.

Исто така, движењето може да ви помогне, бидејќи така ќе ја ослободите енергијата што вашето тело ја создава за време на паничниот напад.

Исто така, терапевтски е да се обидете да броите во скокови и граници (1, 56, 82, 34...) или наназад, бидејќи е докажано дека брзо ќе се смирите.

Како и во сите непријатни ситуации, може да ви помогне и смеењето, пеењето или танцувањето, бидејќи тогаш се активира позитивна енергија и се намалува стресот.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје