X
 09.01.2020 Живот

Работи што ги правите поради анксиозноста, а другите не знаат за нив

Анксиозноста може да биде многу штетна и не е нешто што треба да се игнорира или да се сфати несериозно. Најлошиот проблем со анксиозноста е тоа што огромен број луѓе не можат да разберат како точно може да влијае врз една личност, па затоа мислат дека се мрзливи, неодговорни и пасивни.

Ако не сте запознаени со терминот, тогаш ова може да ви помогне малку подобро да ја разберете анксиозноста.

1. Одбивате повици иако навистина сакате да одите некаде


Постојат денови што сте ги испланирале и им се радувате. И кога конечно ќе дојдат, вашата анксиозност целосно презема контрола. Борбата може да стане толку исцрпувачка, што ќе немате енергија да излезете.

Свесни сте дека тоа ви се случува и не сакате да им бидете товар на луѓето со кои сте се договориле - па едноставно откажувате.

2. Станувате опседнати со тривијалности што другите луѓе не ги ни забележуваат

Неколку едноставни зборови и случаен поглед што некој ќе ви го упати понекогаш се доволни за да почнете низ глава да си вртите ситуации во наредните неколку дена.

Станувате опседнати со некој разговор или факт дека некој сè уште не одговорил на вашата порака (по 12 часа). За што и да се работи, многу луѓе би биле целосно збунети од помислата дека некој воопшто забележува вакви работи.

3. Доцна легнувате, рано станувате


Еден од најголемите проблеми што ги имате при вашето секојдневно функционирање е спиењето.

Кога ќе дојде утрото, будилникот за анксиозност почнува да ѕвони за да станете - дури и ако сте уморни. Од моментот кога ќе се вклучи анксиозноста, не постои ништо што можете да го направите за да ја исклучите.

anksioznost
Фото: Pixabay


4. Во секоја ситуација главната мисла ви е дека може да се случи најлошото

Наместо едноставно да уживате во моментот каков што е, не можете да престанете да го замислувате најлошото што може да се случи и се убедувате себеси дека тоа е неизбежно. Макар и да станува збор за излегување со некого, убедени сте дека нешто ќе тргне на лошо.

Ако се разболите, секогаш некако успевате да ги поврзете симптомите со најлошата болест што ви паѓа на ум.

5. Постојано ги вртите разговорите низ глава

Без оглед на тоа колку добро поминал некој разговор со некоја личност, постојано си го вртите во главата плашејќи се дека можеби сте рекле нешто погрешно. Поради тоа, обидете се да избегнете конфликти по секоја цена.

6. Дополнително ве загрижува ако некој ви каже дека се грижи за вас

Анксиозноста дополнително ви се влошува ако некој забележи дека не сте во ред и покаже грижа за вас. Работата е во тоа што кога ќе слушнете дека некој ве прашува дали сте во ред, вие уште повеќе сте загрижени за себе и за вашата состојба.

Мислите дека ако е видливо, тогаш мора да е уште поголемо отколку што ви се чини. Поради тоа се чувствувате полошо отколку на почеток.

7. Верувате дека е до вас ако некој не ви одговори веднаш

Кога комуницирате со луѓето, без оглед дали тоа е вашиот партнер, пријател или роднина, доколку не ви одговори веднаш, почнувате да размислувате дека можеби сте кажале или направиле нешто погрешно.

8. Зборувањето за иднината ве вознемирува

Иако повеќето луѓе се радуваат на иднината и на планирањето, за вас е фрустрирачка и застрашувачка.

9. Вашиот успех секогаш го споредувате со успехот на врсниците

Иако можеби не сакате да се споредувате со другите, анксиозноста ве тера да вртите низ „Фејсбук“ за да бидете упатени во сите успеси на вашите врсници.

Не сте загрижени затоа што тие успеале во нешто, туку прашањето е дали вие некогаш ќе успеете во животот како што успеале тие.

10. Станувате опседнати со секоја грешка што ја правите

Најлошо е кога нешто ќе згрешите на работа. Мислите што подоцна ќе ве изедат се ужасно тешки.

Иако се трудите да го усовршите сето она што го правите, грешки им се случуваат на сите и тоа е сосема природно. За жал, вашата анксиозност не го знае тоа. Во такви ситуации таа ви станува најлош непријател.

11. Понекогаш сте премногу ментално и физички исцрпени за да станете од кревет

Анксиозноста ви троши голем дел од енергијата, и ментална и физичка. Затоа понекогаш може да се случи да не можете да функционирате нормално и да сакате само да лежите во кревет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот