X
 12.08.2018 Технологија

Апликации што целосно ја трошат батеријата на вашиот телефон

Батеријата на вашиот телефон се празни побрзо од вообичаено. Можеби е проблем во една од овие апликации.

„Снепчет“


Оваа апликација ја оптеретува вашата батерија, но постои решение како да го намалите проблемот. Во подесувањата вклучете ја опцијата „Travel“ и исклучете ја локацијата за следење.

„Тиндер“


„Тиндер“ исто така ја следи вашата локација и ги освежува податоците. Исклучете го освежувањето на податоците во позадина, исклучете ги известувањата или користете го „Тиндер“ преку веб-пребарувач.

telefon

Апликации со вести


Апликациите со вести се во постојан контакт со веб серверите и ја оптеретуваат батеријата. Страниците со вести следете ги во веб-пребарувачите или следете ги нивните објави на „Фејсбук“ и „Твитер“.

„Мајкрософт Аутлок“


Оваа апликација постојано ја проверува новата пошта, па подобро би било да проверувате дали ви стигнал нов мејл или да користите друга апликација.

„Фејсбук“ и „Месинџер“

Апликациите на „Фејсбук“ ја јадат батеријата, па би било паметно да ги замените со едноставно издание како „Фејсбук Лајт“ или „Месинџер Лајт“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија