X
 19.08.2017 Технологија

Скриените опции што ги нуди „Фејсбук“

Кога „Фејсбук“ ја лансира независната апликација „Месенџер“, корисниците не беа воодушевени од идејата. Да се има две одделни апликации за иста социјална мрежа изгледаше непотребно, па многумина не го ни користат „Месенџер“, туку одговараат на пораките преку самата платформа.


Сепак, апликацијата сега е една од најкористените. И покрај нејзината популарност, уште не ги знаеме сите можности што ги нуди „Месенџер“. Ова се неколку од нив:

1. Корисни екстензии

Само треба да кликнете на синиот плус над тастатурата додека имате конверзација. Можете да го планирате вашиот одмор преку екстензијата „Кајак“, барајќи сместување и летови, па може и веднаш да се споделат информациите во група на повеќе пријатели. Екстензијата „Спотифај“ дозволува групите да креираат сопствени плеј-листи. Корисниците можат да покануваат пријатели да додаваат песни во листата. Може да се користи и екстензијата „ОупенТејбл“ за да ги пронајдете најдобрите ресторани во вашиот регион. Освен тоа, имате можност да играте игри со вашите пријатели.

2. Искористете го „Месенџер“ максимално

Испраќање и примање пари за корисниците во САД. А, за останатите корисници таа можност ја нуди компанијата „ТрансферВајс“, екстензија која треба да ја симнете.

Исто така, ако не сакате повеќе да го користите „Фејсбук“, но сакате да останете во контакт со вашите пријатели, можете „Месенџер“ да го користите независно од платформата.

Документи и останати информации можете да испраќате преку „Месенџер“, како со електронска пошта. Максималната големина на документи е 25 MB. Исто така, можете да реализирате и тајни разговори, односно да испраќате пораки кои ќе исчезнат по одреден временски период. Можете да испраќате и индивидуални пораки кои ќе се избришат и од двата телефони на корисниците откако ќе истече одреденото време. Само треба да го кликнете името на корисникот на кој му праќате порака и да ги отворите нагодувањата, па да кликнете на опцијата „Тајна конверзација“. Конверзацијата ќе добие црна боја, па така ќе знаете дека опцијата е активирана.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија