X
 01.05.2022 Живот

Во многу европски земји вработеноста кај младите уште не е како пред пандемијата

Вработеноста кај младите во Европа се подобрува по пандемијата, но бавно, покажуваат нови податоци од „Еуростат“.

Сите 27 земји во Европската Унија забележале пад во процентот на вработеност кај младите во третиот квартал на 2020 година, во споредба со истиот период во 2019 година. Вработеноста кај лицата на возраст од 15 до 29 години во ЕУ се намалила за 2,8 процентни поени во овој период.

Во 16 земји во ЕУ вработеноста кај младите во 2021 сè уште не била вратена на нивото од пред пандемијата. Бројот на млади вработени продолжил да се намалува и во 2021 во многу земји, а најмногу во Португалија, Бугарија, Летонија, Чешка и во Полска.


Фото: Pixabay

Од друга страна, минатата година вработеноста кај младите најмногу се зголемила во Ирска, Франција и Словенија. Овие земји вработиле повеќе луѓе во третиот квартал на 2021 отколку пред пандемијата.

На глобално ниво, бројот на млади луѓе што работат се намалил за 8,7 отсто во 2020 г. Кај другите возрасни групи вработеноста се намалила за 3,7 отсто таа година.

Извор: World economic forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот