X
 01.05.2023 Живот

Микростресови - суптилна причина за прегорување на работното место

Веројатно може да ги препознаете очигледните извори на стрес на работното место, но постојат работи кои суптилно ви предизвикуваат стрес кој може да биде штетен. Таканаречените микростресови може да бидат промена на планови и нејаснотии околу работата.

Керен Дилон и Роб Крос, автори на книгата „Ефектот на микростресот“ (The microstress effect), ги дефинираат микростресовите како збир од мали предизвици со кои се соочуваме секојдневно и кои веќе претставуваат рутина за нас. Овие моменти често се кратки и не ги забележуваме, но кога ќе се соберат, имаат лошо влијание врз благосостојбата.

Според Дилон и Крос, проблемот е што мозокот не ги регистрира како стрес. Микростресовите буквално не се забележуваат од мозокот на ист начин како другите стресни ситуации, туку само се собираат во системот. Резултатот е чувство на преоптоварување за кое не може да најдеме причина, а кое може да доведе до прегорување.


Фото: Pixabay

Дилон и Крос велат дека микростресовите доаѓаат во три облици: микростресови кои го исцрпуваат капацитетот и нè спречуваат да ги завршиме задачите, микростресови кои ја исцрпуваат енергијата на емоционално ниво и микростресови кои го предизвикуваат идентитетот, а со време прават да мислите како да сте изгубиле чувство за себе.

Како да се ослободите од микростресовите?

Најчест совет за управување со стрес е да се практикуваат позитивни активности, како медитација. Меѓутоа, во случајот со микростресовите, Дилон и Крос препорачуваат ослободување од тешките задачи со методот 2-2-2. Прво треба да одберете два микростреса кои се рутински за вас и да најдете начин како да зборувате за нив за да најдете решение.

Потоа детектирајте мали стресови кои можеби вие им ги предизвикувате на другите, а конечно одберете два микростреса од кои ќе се ослободите и нема да дозволите да влијаат врз нив.

Извор: World economic forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот