X
 14.01.2020 Живот

Најплатена професија со најмало ниво на стрес

Програмери, статистичари, логопеди, ветеринари и одреден број медицински професионалци се на листата со најмалку стресни професии во светот, се вели во новото истражување спроведено од „Ју-ес њуз & Ворлд рипорт“. Стоматологијата е на врвот на списокот со најдобро платена професија со ниско ниво на стрес.

Истражувањето покажа дека стоматологијата е најдобро платена во однос на нивото на стрес. Иако не е на прво место по висината на платата, оваа професија се најде на првото место на работни места од кои најмногу се заработува, а донесуваат малку стрес. Според податоците достапни на јавноста, стоматолозите во САД годишно заработуваат околу 225.760 долари.

Причината за ваков добар однос меѓу платата и стресот е во организацијата на дневниот распоред. Како предност се наведува тоа што стоматолозите со денови однапред знаат кој ден што ќе работат и немаат голем број итни интервенции. Голем плус секако е и добрата наплата на услугите, особено ако не бара многу време.

Во истражувањето биле вклучени 187 професии, а освен стоматолозите, најмалку стресна професија имале и интернет-девелоперите, статистичарите, логопедите, ветеринарите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот