„Фејсбук“ додаде „тивок режим“ на својата апликација во обид да ја направи помалку стресна.
Компанијата вели дека ја искористила функцијата како дел од одговорот на пандемијата на коронавирусот, за подобрување на благосостојбата на своите корисници.
Овој режим му овозможува на корисникот да ги исклучи известувањата од мобилната апликација и да ги вклучи во одреден период од денот.
„Фејсбук“ соопшти дека новата функција треба да го олесни ограничувањето на времето поминато на интернет бидејќи луѓето се дома повеќе од вообичаено.
- Бидејќи сите се приспособуваме на новите рутини и остануваме дома, корисно е да се постават граници за тоа како го поминувате вашето време на интернет - напиша компанијата.
Фото: Unsplash
- Без разлика дали тоа ќе ви помогне да се фокусирате на семејството и пријателите, на мирен сон или управување на вашето време дома, имаме алатки што ќе ви помогнат да ја пронајдете рамнотежата за тоа како го користите „
Фејсбук“ - пишува компанијата.
Тивкиот режим има и други функции, како што се алатки што следат колку време луѓето поминуваат на апликацијата, во обид да им се помогне да не седат толку. Се наоѓа на истиот дел од страницата позната како „Вашето време на Фејсбук“.
Тивкиот режим не само што ќе ги запре известувањата што доаѓаат на вашиот телефон од апликацијата туку и ќе престане да ви покажува известувања и кога ја користите самата апликација.
Ако корисникот се обиде да ја отвори апликацијата додека е вклучен тивкиот режим, ќе биде потсетен дека ја поставил оваа функција за да не ја користи апликацијата.
Од „Фејсбук“ велат дека вклучувањето на режимот ќе ги исклучи повеќето известувања.