Често се будите поспани, а без оглед на времето на спиење и понатаму се чувствувате уморни наутро? Научниците веруваат дека ја имаат совршената формула со која секое утро ќе се чувствувате одморени и свежи. Тој процес вклучува само три чекори.
Истражувачите од Универзитетот на Калифорнија во Беркли стигнале до заклучок дека идеалниот рецепт за добро будење вклучува тренинг или физичка активност претходниот ден, појадок богат со јаглехидрати и минимум седум часа сон.
Истражувачите ги донеле овие заклучоци во истражување кое вклучило повеќе стотици луѓе. Учесниците добивале различни намирници за појадок и носеле часовници кои им ги мереле активноста и спиењето. Истовремено, тие воделе дневник за нивото на енергија во текот на денот.
Било потврдено дека појадокот со многу јаглехидрати и малку шеќери е најдобар за утринско будење, додека најлоши се оброците полни со шеќер.
Фото: Pixabay
- Појадокот богат со јаглехидрати може да ја зголеми будноста, сѐ додека вашето тело е здраво и способно ефикасно да се ослободи од глукозата од тој оброк, спречувајќи траен скок на шеќерот во крвта - објаснил Рафаел Валат, еден од авторите на истражувањето.
Повеќе квалитетен сон, исто така, помага за полесно будење наутро. Според истражувачите, се препорачува сон од седум до девет часа секоја ноќ.
Резултатите покажале и дека оние испитаници што не вежбале претходниот ден биле поуморни од оние што секој ден имале некаква физичка активност.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay