X
 27.08.2017 Образование

Генијален професор носи маска кога ги испитува студентите


Професор со маска
(Фото: Twitter)


Сметајки дека самата атмосфера во текот на испитувањето создава стрес кај студентите, иновативниот професор одлучил да носи маска на лицето додека ги оценува нивните одговори, за да не создава дополнителен стрес преку изразот на неговото лице.

Назрик Ахмад, професор од Меѓународниот исламски универзитет во Малезија, стана виртуелен хит деновиве. Имено, Ахмад носи маска која му го покрива лицето додека ги испитува и оценува студентите откако сфатил дека неговата мимика на лицето, која тешко може свесно да се контролира, влијае врз самодовербата кај студентите. „Всушност многу е лесно од моето лице да прочиташ дали си положил или паднал на испитот“, вели тој.

Една негова студентка на својот профил на „Твитер“ објавила фотографии од професорот под маска како ги оценува студентите, а таа објава досега е ретвитувана 37 илјади пати.

Сè почнало во 2014 година кога Ахмад завршил во болница заради здравствени проблеми со срцето, по што морал да носи некаков апарат чии кабли биле обвиткани околу неговото тело, нешто слично на познатиот Ајронмен. На почетокот чувствувал напријатност кога така се појавувал во јавноста, па неговите родители му купиле маска од Ајронмен за да го расположат.

Тој одлучил сепак да ја носи маската, сметајќи дека од целото искуство самиот извлекол позитивна порака која може да биде инспиративна и за неговите студенти. Како што маската му помогнала да го надмине сопствениот стресен период, заклучил дека истата може да ја користи и за да им помогне на студентите. Луѓето на „Твитер“ се воодушевени од неговата емпатија кон студентите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование