Некои соби ни изгледаат толку познато, што веднаш ни предизвикуваат чувство како да сме дома; дури и ако никогаш не сме биле физички во нив.
Повеќето од нас пораснаа гледајќи ги сериите „Симпсонови“ и „Пријатели“, така што веднаш можеме да ги идентификуваме познатите дневни соби. Но, како тие би изгледале во реалноста?
Најновата рекламна кампања од ИКЕА го има одговорот на ова прашање. Наречена „ИКЕА вистински живот“, кампањата ги реконструира собите од сериите „Симпсонови“, „Пријатели“ и „Почудни нешта“.
- Тимот на ИКЕА работеше напорно со креативците. Тие анализираа стотици предмети за да ги пронајдат совршените парчиња што би ги оживеале овие познати соби - вели Винод Џајан, извршен директор на ИКЕА во Обединетите Арапски Емирати, Катар, Египет и Оман.
- Преку заеднички напор дојдовме до неверојатни резултати. Вистински доказ за тоа што
ИКЕА претставува: место каде што секој може да реализира каква било идеја.
„Симпсонови“
Фото: FOX
Фото: IKEA
Фото: IKEA
„Пријатели“
Фото: Warner Bros
Фото: IKEA
Фото: IKEA
„Почудни нешта“
Фото: 21 Laps Entertainment
Фото: IKEA
Фото: IKEA