Мозокот е толку многу ангажиран во нашиот секојдневен живот, што мора да му простиме што ја намалува брзината на работењето како што старееме.
Но, како би можеле да ја подобриме функцијата на нашиот мозок кога нашите екстремитети почнуваат да даваат знаци дека стареат? Едно ново истражување од Универзитетот во Ексетер и Кралскиот колеџ во Лондон нуди решение.
Истражувањето вклучувало 19.000 луѓе над 50 години кои правеле одредени тестови за ментална агилност. Истражувачите откриле нешто интересно - луѓето што постојано решаваат крстозбори имаат функција на мозокот еквивалентна на 10 години помлада од нивната возраст кога станува збор за граматичкото расудување, додека 8 години помлада од нивната возраст на тестови за мерење краткорочна меморија.
Се чини дека редовното решавање крстозбори навистина може да го задржи умот активен и жив. Ова е нешто за кое истражувачите и претходно се сомневале.
- Подобрувањата се особено јасни во брзината и точноста на нивната изведба. Во некои области подобрувањето беше прилично драматично. На пример, кога станува збор за решавање проблеми луѓето што редовно решаваат крстозбори имаат перформанси што се карактеристични за 8 години помлади од нив - вели д-р Ен Корбет, лидер на истражувањето.
Сепак, таа нагласува дека сè уште нема апсолутни докази дека
решавањето крстозбори ќе ги намали шансите за деменција.