X
 22.06.2019 Наука

Првпат научниците успеале да ја снимат песната на еден од најретките китови

Во светот не се останати многу јапонски китови, а процените велат дека се под сто.

Сега првпат истражувачите од Националната океанска и атмосферска администрација имаат докази за вокализации направени од мала група јапонски китови во Беринговото Море.

За разлика од другите китови, јапонските китови имаат тенденција да се прилично срамежливи кога станува збор за песни, па се придржуваат кон поединечни повици помеѓу членови во групата.

Истражувачите биле доста возбудени кога ги фатиле интересните звуци преку серија акустични рекордери расфрлани низ Беринговото Море пред неколку години.

kit
Фото: NOAA

- За време на летните теренски истражувања во 2010 година почнавме да слушаме чуден модел на звуци - вели научникот за морски цицачи Џесика Кранс од научниот центар во Алјаска.

- Мислевме дека може да е јапонски кит, но немавме визуелна потврда. Затоа почнавме да ги пребаруваме нашите долгорочни податоци од монтираните акустични рекордери, па ги забележавме овие повторувачки обрасци на прострелни повици - додава тој.

Јапонските китови се познати по тоа што произведуваат гласни звуци како повторени вокализации на песна, останувајќи извонредно конзистентни во текот на годините и низ различни локации. Нивните звуци може да се категоризираат во четири типа што се состојат од различни фрази, што можете да ги слушнете подолу.

Да се слушнат звуците за научниците е едно. Но, да се биде апсолутно сигурен дека овие звуци се создадени од загрозени китови е сосема друго, така што тимот сакал лично да ги запознае. Средбата се случила пред неколку години, кога биле откриени песните во југоисточното Берингово Море.

- Ги слушнавме истите песни во текот на летното истражување во 2017 година и успеавме да ги локализираме на машките китови - вели Кранс.

Поради опасноста од исчезнување, истражувачите внимателно ги следат. Тимот сега планира да се врати и да ги анализира акустичните податоци собрани од океанот, за да види дали може да забележат промени во моделот што би можеле да покажат како се развиваат песните.

Со толку мала популација, судбината на овие јапонски китови не е безбедна. Иако биле универзално заштитени со официјални програми за развој од 30-тите, тие и понатаму се соочуваат со закани од други човечки активности како што се мрежите за риболов и климатските промени.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука