X
 12.12.2022 Економија

Најевтина работна сила во ЕУ има во Бугарија, најскапа во Луксембург

Просечните трошоци за работна сила по час во Европската Унија изнесувале 28,9 евра во 2020 година, покажуваат податоци од „Еуростат“.

Работниците во Луксембург ги чинат работодавците најмногу - просечно 47,7 евра за еден час работа. Следуваат Данска со 45,7 евра и Белгија со 40,5 евра на час.

Најевтина работна сила има во Бугарија, каде што работодавците ги плаќале своите работници просечно 6,6 евра за час во 2020 година. Следува Романија со 8,2 евра и Унгарија со 9,8 евра.



Според „Еуростат“, разликите помеѓу државите се значително помали кога трошоците за работна сила по час се изразени по стандардот за куповна моќ, која ги покажува разликите во цените помеѓу земјите. Според овој стандард, трошоците за работна сила по час се движат од 11,9 поени во Бугарија до 36,1 поени во Луксембург.

Извор: Eurostat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија