Европскиот совет официјално препорача укинување на рестрикциите за патување за 15 земји по утрешното отворање на надворешните граници на ЕУ.
Неименуван дипломатски извор за „Еуроњуз“ потврдил дека нацрт-листата објавена вчера добила доволно гласови за одобрување.
Листата веќе поттикна контроверзии откако извори открија дека САД не е на листата на земји за чии жители ќе биде одобрен влез. Кина е на листата, но само во случај на граѓаните на ЕУ да им биде дозволен влез таму. Конечната листа не ги вклучува ни Бразил ни САД ни Русија.
Од ЕУ истакнале дека листата била направена на основа на бројот на новите случаи на Ковид-19 во текот на последните 14 дена, генералниот тренд на случаи на Ковид-19 и справувањето на владите со кризата.
Македонија ја нема на листата, што значи дека нема да ни биде дозволен влез во ЕУ, а со тоа ќе треба да заборавиме и на грчките плажи.
Од регионот, на листата се најдоа само Србија и Црна Гора, што значи дека на жителите на овие две земји ќе им биде дозволен влез во ЕУ од утре.
Целата листа можете да ја видите
ТУКА.