X
 29.10.2018 Живот

Неизвесно укинувањето на сезонското сметање на времето во 2019

Укинувањето на сезонските промени во сметањето на времето може да не се случи во 2019 поради отсуство на консензус кај земјите-членки на ЕУ.

Ова го потврди австрискиот министер за транспорт Норберт Хофер, чија земја претседава со ЕУ до јануари.

- Ако бараме да се направи тоа во 2019, како што сугерира Комисијата, тоа нема да биде поддржано од мнозинството земји-членки - изјави Хофер.

Европската комисија по широка консултација со европската јавност најави дека ЕУ ќе ги укине летното и зимското сметање на времето. Нејзината амбиција е тоа да се случи во 2019 година.

Останува земјите-членки да одлучат дали ќе го одберат летното или зимското сметање на времето, а изборот треба да ѝ го соопштат на Европската комисија до април 2019.

- Во одредни области ќе бидат потребни технички подготовки, на пример, авиокомпаниите велат дека им се потребни најмалку осумнаесет месеци за да се подготват - изјави австрискиот министер.

Тој предупреди дека треба да се внимава да не се создаде „пачворк“ од временски зони.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот