Истражувањето од Универзитетот во Ворвик открива нови сознанија за клучната причина за формирање рак при клеточната делба (или митоза) и укажува на потенцијални решенија за спречување на неговото појавување.
Кога клетката се дели нормално, таа прави дупликат копија од секој хромозом и потоа ги дели еднакво меѓу двете нови клетки. Оваа функција ја врши сложена машина во клетката наречена митотичко вретено.
Доколку нешто тргне наопаку во оваа фаза, двете нови клетки ќе бидат анеуплоидни, што значи дека нема да имаат точен број хромозоми, па ќе прават грешки кога споделуваат генетски информации.
Клетките на ракот се анеуплоидни, па разбирањето како и зошто тоа се случува е неверојатно важно за да се открие од каде потекнува болеста.
Истражувачкиот тим на професорот Стивен Ројл од Медицинскиот факултет „Ворвик“ го идентификува токму ова. Било откриено дека некои хромозоми може да се изгубат и да се заробат во плетка од мембрани што постојат во областа околу вретеното на клетката, спречувајќи ги хромозомите да се делат правилно и да доведе до абнормална клеточна делба што може да предизвика рак.
Фото: NIH
Научниците дошле до своето откритие правејќи еден вид „операција“ врз живите клетки. Научниците измислиле начин да го отстранат заплетот на мембраните во кои се заглавуваат хромозомите и како резултат на тоа, хромозомите биле спасени од вретеното, со што се овозможува нормална здрава клеточна делба.
Ова првпат ќе докаже дека хромозомите кои се заробени во овие мембрани се директен ризик-фактор за формирање канцерогени клетки. Разбирањето на овој ризик може да доведе до поефикасна превенција од рак.
- Многу научници што работат на клеточна делба се фокусираат на вретеното: како функционира и зошто прави грешки кај ракот. Во овој труд ги разгледавме мембраните во клетките што се делат - вели Стивен Ројл, професор по клеточна биологија на Медицинскиот факултет при Ворвик.
- Откривме дека хромозомите може да бидат заробени во мембраните и ова е катастрофа за клетката што се дели. Постои потенцијал да ја промени нормалната клетка во клетка на ракот. Спречувањето на овој процес може да биде начин за лекување на болеста - вели д-р Нурија Ферандиз, водечки автор на истражувањето.
Извор:
Scitechdaily.com
Фото: University of Warwick