X
 30.12.2023 Наука

Што ќе се случи доколку Земјата моментално престане да ротира?

Во сценариото на итно запирање на ротирањето на Земјата, обичната прошетка станува фатална, зградите ќе се претворат во урнатини и целиот свет ќе се соочи со хаос.

Во хипотетичко сценарио во кое Земјата ја прекинува својата ротација, последиците би биле драматични и катастрофални.

Замислете како лежерно се шетате по плажа на екваторот додека Земјата се врти со брзина од 1.674 километри на час. Сè околу вас, вклучувајќи го и песокот, се движи хармонично со иста брзина, создавајќи чувство на бавно движење.

Сега замислете ненадејно запирање на тој ротационен танц. Благодарение на првиот Њутнов закон за инерција, веднаш би летнале кон исток со гореспоменатата брзина од 1.674 километри на час. Г-силата што вашето тело би ја претрпела од тоа моментално забрзување би била во екстреми од неколку илјади, ако не и повеќе. Тоа би било многу фатално. Со оглед на наведената брзина, вашето тело би ја пробило и звучната бариера, што можеби звучи кул, но верувајте дека не е. Ако за некое чудо би го преживеале горенаведеното, замислете каков ќе биде вашиот удар по такво ненадејно полетување или уште полошо, замислете дека наместо на плажа, се наоѓате во затворена соба - ударот би бил фатален.

И водата би го почувствувала ова ненадејно забрзување, забележува Џозеф Леви, вонреден професор на Универзитетот „Колгејт“. Океаните, доживувајќи ја оваа брза промена, би се претвориле во глобално цунами од невидени размери.

И дрвјата и зградите би биле изложени на ризик, може да дојде до нивно целосно распаѓање.

Во исто толку неверојатен случај на постепено запирање, ништо во природата не би запрело веднаш. Кога Земјата би забавила неколку дена или недели, би се појавиле голем број проблеми.

Во текот на една година додека Земјата орбитира околу Сонцето, половина од планетата би била во ноќ, а половина во целосна светлина. Така, наместо 12 часа, деновите би можеле да бидат продолжени на шест месеци, изложувајќи ја едната половина на немилосрдното сонце, со сушење на посевите и испарување на водата. Следната шестмесечна ноќ ќе донесе темнина, потенцијално замрзнувајќи ја водата во ледените плочи.

Дали Земјата навистина би можела да ја прекине својата ротација?

Не грижете се, ротацијата на Земјата малку забавува поради процес познат како плимско сопирање кој извршува минијатурна сила на сопирање, продолжувајќи го денот на Земјата за 2,3 милисекунди секој век. Сепак, целосно запирање е малку веројатно поради големината и аголниот момент на Земјата.

Природните појави или надворешните објекти во вселената немаат моќ нагло да ја запрат ротацијата на Земјата.

Извор: Business Insider
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука