X
 26.01.2015 Наука

Очигледно, јајцата можеле и да се "отсварат"

Одамна велат дека не може да „одматиш“ јајце, но можеби „отсварувањето“ е возможно.


Како што знаете, кога варите јајце, топлината предизвикува протеините во белиот дел да се спојат, со што ја зацврстуваат материјата. Ново истражување објавено во „ChemBioChem“ од научници на универзитетот „Ирвин“ покажува дека процесот може да се врати назад со додавање хемикалии на свареното јајце.

„Да, измисливме начин за отсварување јајца“, изјавил биохемичарот Грегори Вајшајд. „Во нашето истражување опишуваме уред за одвојување на споените протеини“.

Истражувачите одлучиле да работат со јајца кои се вареле подолг период, само за да бидат сигурни во ефикасноста на уредот. На сварените јајца им била додавана уреа (дел од мокрачата, што значи дека овие јајца потоа дефинитивно не би биле вкусни), која ги одвојувала врзаните протеини, со што јајцето повторно ја добивало течната форма. Процесот траел само неколку минути.

Но, несварените јајца не се главна цел на истражувачите. Вистинскиот проблем е во големиот број случаи со протеини на кои се троши премногу време вадејќи ги од епруветите и каде е потребен нов начин на враќање на материјалот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука