X
 01.06.2023 Живот

Во Канада на секоја цигара ќе има предупредување за опасностите од тутунот

Канада ќе стане првата земја во која секоја цигара ќе мора да биде поединечно означена со предупредувања за штетното влијание на тутунот врз здравјето на луѓето.

Мерката беше објавена минатата година од канадските здравствени власти, а прописите треба да стапат во сила на 1 август. Ќе се воведува постепено во зависност од големината на цигарите, прво на најголемите и на крајот на сите цигари.

- Овој храбар чекор ќе ги направи пораките за предупредување за здравјето практично неизбежни - рече канадската министерка за ментално здравје и болести од зависности Каролин Бенет.

Предупредувањата „отров со секој чад“, „чадот од тутунот им штети на децата“ и „цигарите предизвикуваат импотенција“ ќе бидат напишани на англиски и на француски јазик.

Министерството за здравство на Канада објави дека целта на оваа стратегија е да се намали потрошувачката на тутун на под 5 проценти до 2035 година.
Бенет рече дека 48.000 Канаѓани умираат секоја година како последица од пушењето.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот