Знаејќи дека луѓето се подготвени да издвојат поголема сума пари за нешто што би ги направило здрави, еден уметник од Ванкувер, Канада, почнал да продава вода во која се вареле виршли на уличен фестивал. И секако, луѓето го купувале тоа.
Даглас Беванс го продавал „еликсирот“ под името „хот-дог вода“. Како што вели, тој сварил околу 100 органски виршли, а потоа водата во која се вареле ја претурил во шишињата. Приготвената напивка ја продавал по цена од 38 долари за едно шише.
На крајот од неделата имало и специјална понуда - две шишиња за „само“ 75 долари (намалување од само еден долар).
На заинтересираните купувачи Канаѓанецот им ветувал исклучителни здравствени придобивки, како што се слабеење, младешки изглед и, секако, подобра работа на мозокот.
Беванс за порталот „Ванкуриер“ открива дека така продал вкупно 60 литри од „еликсирот за здравје“.
Извор: МИА