X
 03.01.2020 Живот

Канадски офицери мора да ја играат „Покемон гоу“

На најмалку тројца офицери во канадската војска им е наредено да ја играат играта „Покемон гоу“ во воените бази низ земјата, откако играчи влегоа во забранети области во потрага по виртуелни херои.

Натрапниците во базите не беа странски агенти, туку фанови на светски познатата игра лансирана во 2016 година, во која се прават обиди да се дојде до што е можно повеќе виртуелни ликови од играта.

Според преписката на интернет, во која имала увид канадската Си-би-ес, зголемувањето на бројот на уапсените натрапници предизвикало загриженост кај војската.

Најмалку тројца офицери од различни бази низ целата земја добиле наредби да се движат околу воената инфраструктура со телефони и таблети за да бараат виртуелна инфраструктура и ликови од играта.

На влезот во базата една жена е уапсена додека играла „Покемон гоу“, а нејзините три деца се качувале на тенкови.

Еден човек што бил уапсен во базата „Борден“ објаснил дека само собирал поени со играње.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот