X
 01.07.2019 Живот

Оваа плажа е прогласена за најубава во светот

Плажата Баија нуди нешто што ни една друга плажа го нема.

- Таа е неверојатна! Заштитена со карпи, покриена со златен песок и прекрасна тиркизна вода. Идеална за долго пливање и одмор на песокот - пишува еден посетител на веб-страницата „Трип адвајзор“, на која оваа дестинација е оценета како убедливо најдобра, па ја зазеде шампионската позиција меѓу многуте дестинации.

View this post on Instagram

#baiadosancho #fernandodenoronha #pe

A post shared by claudia baltazar (@claudiabaltzar) on


Плажата се наоѓа во архипелагот Фернандо Нороња, кој е оддалечен 350 километри од бразилскиот брег. Архипелагот има посебен статус во бразилската држава Пернамбуко и е заштитен како светско наследство од УНЕСКО.



Таа е одлично сокриена, а тоа ѝ помогнало да остане недопрена од масовниот прилив на посетители. Мора да си „играте“ Индијана Џонс за да добиете пристап до неа. Имено, од копното можете да стигнете до неа по скали, односно изграден е полигон низ недопрената природа. Пристап за автомобили не постои. Дури и во текот на летото, поради нејзината непристапност, плажата е речиси празна - на неа можат да се најдат повеќе птици отколку луѓе.

Плажата е отворена од 8 часот наутро, а на заливот во близина на плажата дозволени се само 4 чамци - пристапот со брод е забранет.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот