X
 10.07.2015 Живот

Плажата "Милијардери" отворена за јавноста

За граѓаните на Малибу, познато е дека плажата „Милијардери“ се протега на едно од најексклузивните крајбрежја во Малибу, и сега е конечно отворена за јавноста.

 

плажа


Оваа плажа беше затворена за граѓаните со децении откако богатите сопственици на куќи, Лисет и Норман Акербег, одбија да изградат јавна патека која ќе овозможи пристап.

Расправијата датира од дамнешните 80-ти кога Крајбрежната комисија на Калифорнија им даде одобрение на Лисет и Норман за изградба, меѓутоа под услов да изградат јавна патека покрај нивната куќа на плажа.

 

1


Меѓутоа семејството го одложуваше градењето на патеката, поднесувајќи тужби и подигнувајќи висок ѕид, како и ставајќи камења во областа и градејќи тениско игралиште се` со цел да се задржи јавноста да не оди на плажа.

Богатите жители презедоа широки мерки во текот на годините за да ја спречат елитата да оди на плажата, која е дом на милијардери како Лари Елисон, поранешен главен извршен директор на Oracle Corp, филмскиот могул Дејвид Гефен и поранешниот извршен директор на Dodgers Џејми Меккурт. Џон Траволта и Кортни Кокс исто така беа поранешни жители на овој дел од плажата.

 

2


Меѓутоа, во 2013 година Крајбрежната комисија постигна договор со семејството Акерберг, односно со Лисет, бидејќи нејзиниот сопруг починал во 2004 година. Таа беше казнета со 1.1 милион долари и изгради и ја одржува јавната патека.

„Ова е мала победа во многу голема битка“, изјави Грахам Хамилтон, претседател на Сурфрајдер фондацијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот