X
 01.07.2022 Живот

Извршниот директор на „Јупитер“ даде отказ за да седи на плажа и да не прави ништо

Ендрју Формика, главен извршен директор на „Јупитер фонд менаџмент плц“, објави дека ја напушта позицијата на која стапи во 2019 година.

Формика ќе ја напушти функцијата на 1 октомври и ќе поднесе оставка како директор на компанијата со седиште во Лондон. Ќе го наследи Метју Бисли, главен инвестициски директор на компанијата, кој ќе ја преземе улогата на извршен директор.

Формика, кој е во Велика Британија речиси три децении, вели дека неговото заминување се должи на лични причини, вклучително и желбата да биде поблиску до постарите родители. Тој планира да се врати во родната Австралија.

- Едноставно сакам да одам на плажа и да не правам ништо. Не размислувам за ништо друго - вели тој.

- Ендрју отсекогаш беше искрен дека неговите долгорочни планови ќе вклучуваат враќање назад во родната Австралија со неговото семејство. Со завршената почетна фаза на деловната трансформација на „Јупитер“, тој чувствува дека сега е вистинско време да го предаде раководството на бизнисот за да се овозможи следната фаза да има постојано и силно лидерство во текот на тој период - изјавија од компанијата.

- Горд сум што работев со таков фантастичен и посветен тим додека минавме низ исклучително предизвикувачки период за бизнисот и пазарите - изјави Формика.


Извор: Business-standard.com
Фото: internationalinvestment.net
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот