X
 01.07.2020 Наука

Астрономски настани што нѐ очекуваат во јули

Љубителите на астрономијата треба да бидат подготвени за јули затоа што во овој месец на небото ќе има што да се види. Поточно, се очекуваат три поголеми астрономски настани во јули, и тоа затемнување на Месечината, метеорски дождови и приближување на Сатурн и Јупитер до Земјата.

Затемнувањето на Месечината се очекува на 5 јули и тоа ќе биде видливо од Северна Америка, Јужна Америка и од Африка. Според „Тајм енд дејт“, затемнувањето нема да биде видливо од Македонија. За време на затемнувањето, над Месечината ќе се создаде сенка поради несовршената поставеност на Сонцето, Земјата и Месечината таа ноќ.


Фото: Pixabay

Јупитер и Сатурн, најголемите планети во Сончевиот Систем, ќе бидат најсветли во целата година и ќе бидат повидливи од кога било бидејќи ќе бидат најблиску до Земјата. Јупитер ќе биде највидлив на 14 јули, а Сатурн на 20 јули. Се препорачува гледање на феноменот со телескоп, иако планетите ќе бидат видливи и без телескоп бидејќи ќе светат посилно од ѕвездите.


Фото: Pixabay

Ова лето светот ќе може да ужива во два метеорски дождови. Едниот ќе биде активен од 12 јули до 23 август, а другиот од 3 јули до 15 август. Се очекува метеорските дождови да бидат највидливи кон крајот на јули, поточно на 29 јули. Првиот дожд ќе биде подобро видлив во јужната хемисфера, но вториот ќе се гледа од двете страни на екваторот.

Гледачите може да очекуваат да видат до 20 метеори на час во најактивните денови. Најдобро време за набљудување е по полноќ и пред изгрејсонцето.

Автор: Кели Корбет
Извор: prevention.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука