Израелското Министерство за одбрана и „Поларис солушнс“, компанија со технологија за преживување со седиште во Израел, претставија нова технологија за маскирање што буквално ги прави војниците „невидливи“.
„Поларис дифенс кит 300“ е систем за термичко визуелно прикривање кој користи комбинација на метали, микрофибери и полимери за да го прикрие „термичкиот потпис“ на еден војник.
Војниците можат материјалот да го завиткаат околу себе или да ги спојат заедно сите војници за да создадат бариера што ќе се вклопи во карпестите или пустинските предели.
- Некој што гледа оддалеку со двоглед, нема да гледа војници - вели Гари Харари, раководител на филијалата за детектори и технологија за слики, од израелското министерство за образование.
Идејата за технологијата доаѓа од личното искуство на коосновачот на „Поларис солушнс“, Асаф Пичиото.
Додека служел во специјална единица за време на војната во Либан во 2006 година, Пичиото забележал дека војниците не биле соодветно заштитени од апаратите за термичко снимање.
„Кит 300“, е дизајниран да го елиминира термичкото присуство на војникот, со што војникот е „невидлив“ за термалните апарати. Но, „Кит 300“ не застанува тука. Еден војник би можел да застане на средината на поле невидливо за термалните апарати, но сепак да биде очигледен со голо око. Но, системот го отежнува забележувањето на војникот со употреба на бои и техники на камуфлажа.
Фото: Screenshot/YouTube